Почитувани граѓани, Општина Велес Ви го честита Денот на народното востание, 11 Октомври, еден од најголемите државни празници кој македонскиот народ со гордост го слави и негува.
На денешен ден се навршуваат 81 година од славното историско народно востание со кое се извојувала не само национална и социјална слобода туку и сопствена држава.
На нас останува вечно да го славиме и паметиме овој историски ден, да им оддаваме почит на сите знајни и незнајни борци кои учествувале во борбите за слободна Македонија. Со гордо кренати глави и достоинствено да го чуваме ова парче земја и да не го заборавиме аманетот на нашите претци.
Нека е честит и вековит Денот на народното востание!