Во чест на одбележувањето на празникот на градот, 9 Ноември, во Домот на пензионери се одржа брзопотезен турнир во шах во кој учествуваа пензионери и љубители на шахот од Велес и општините Градско и Чашка.
Пензионерите ги покажаа своите вештини во шаховски партии кои не траеа повеќе од 10 минути.
Tурнирот во шах се одржа во организација на шаховската секција при пензионерскиот дом и Општина Велес.