Почитувани,

Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2023 година. Јавната расправa ќе се одржи на  18.11.2022 година (петокво големата сала на Општина Велес и тоа за:

  • преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани во 14:00 часот
  • претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 16:30 часот

На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2023 година:

  1. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес во 2023 година
  2. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита во 2023 година.
  3. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2023 година.
  4. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија(ИТ) во 2023 година.
  5. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2023 година.
  6. Нацрт-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2023 година.
  7. Нацрт-оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2023 година.
  8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година.
  9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2023 година.
  10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2023 година.
  11. Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2023 година.
  12. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2023 година.
  13. Нацрт-програма за активностите на Oпштина Велес за поддршка на младите во 2023 година.
  14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2023 година.

Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на е-пошта opve@veles.gov.mk.