Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19…288/21) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.02/2022 (со арх.бр.08-4830/2 од 04.11.2022 година),

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната

О Д Л У К А

     за избор на кандидат по Јавен оглас

за вработување на неопределено време

  1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.02/2022 (со арх.бр.08-4830/2 од 04.11.2022 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место- Работник на приемен пулт (пријавница), ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 005– 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
  • Емилчо Пашалевски
  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
  2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Градоначалникот на Општина Велес на ден 07.11.2022 година, објави Јавен оглас бр.02/2022 (со арх.бр.08-4830/2 од 04.11.2022 година), за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место – Работник на приемен пулт (пријавница), ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 005–1(еден) извршител утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот  оглас се јави 1(еден) кандидат.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријави по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.04-4830/10 од 16.11.2022 година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.

 

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Oпштина Велес.

 

Број.08-4830/11

17.11.2022 година

Градоначалник

на Општина Велес

Марко Колев

 

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19…288/21) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.02/2022 (со арх.бр.08-4830/2 од 04.11.2022 година),

 

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната

 

О Д Л У К А

за избор на кандидат по Јавен оглас

за вработување на неопределено време

  1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.02/2022 (со арх.бр.08-4830/2 од 04.11.2022 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место- Хигиеничар/ка, ниво А3, шифра УПР 04 05 А03 004– 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
  • Светлана Младеновска
  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
  2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Градоначалникот на Општина Велес на ден 07.11.2022 година, објави Јавен оглас бр.02/2022 (со арх.бр.08-4830/2 од 04.11.2022 година), за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место – Хигиеничар/ка, ниво А3, шифра УПР 04 05 А03 004–1(еден) извршител утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот  оглас се јави 1(еден) кандидат.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријави по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.04-4830/10 од 16.11.2022 година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.

 

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.

 

Број.08-4830/12

17.11.2022 година

Градоначалник

на Општина Велес

Марко Колев