Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.12/06, 03/09, 18/10, 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 25-та седница на
Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 29.11.2022 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 09:00 часот.
-Усвојување на Записник од 24-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2022 година.
2. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на уредување на градежно земјиште во 2023 година.
3. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2023 година.
4. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита во 2023 година.
5. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година.
6. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2023 година.
7. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2023 година.
8. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2023 година.
9. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2023 година.
10. Предлог-програма за активностите на Oпштина Велес за поддршка на младите во 2023 година.
11. Предлог-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2023 година.
12. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија во 2023 година.
13. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2023 година.
14. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2023 година.
15. Предлог-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2023 година.
16. Предлог-оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2023 година.
Претседател на
Советот на Општина Велес
Зоран Љутков с.р.