Денес се одбележува големиот христијански празник Свети Климент Охридски, просветител и ученик на светите браќа Кирил и Методиј.
Како дел од основоположниците на словенската писменост и литература, Климент Охридски има огромен придонес кон светската наука и култура.
Општина Велес им го честита празникот на граѓаните и порачува во духот на нашите просветители да бидеме солидарни, сплотени, да си посветуваме внимание и да си даруваме љубов. Сите заедно да се стремиме кон подобар живот, живот исполент со добри дела.
Нека е за многу години големиот празник Свети Климент Охридски!