Врз основа на член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 12/06, 03/09, 18/10 , 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), а согласно член 11, од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 11/11) и член 12 од Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.17/22 и 18/22) и Годишна програма за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес за 2022/2023 година бр. 25-4876/3
Советот на Општина Велес на седницата одржана на 14.12.2022 година, донесе
О Д Л У К А
за избор на талентирани ученици и студенти кои
добиваат стипендија за учебната 2022/2023 година
Член 1
Со оваа Одлука се врши избор на талентирани ученици и студенти кои добиваат стипендија за учебната 2022/2023 година, согласно Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес.
1.За студенти стипендијанти за учебната 2022/2023 година се избираат:
|
Реден бр. |
Студенти | Стипендист на |
| 1. | Бојана Кацарова | Општина Велес |
| 2. | Љубенка Ордева | Општина Велес |
| 3. | Виктор Игнов | Агриа агроиндустриска групација Велес |
| 4. | Виолета Иванова | Општина Велес |
| 5. | Орданче Рибарски | Општина Велес |
| 6. | Ана Трајчева | Општина Велес |
| 7. | Андреј Кодовски | Општина Велес |
| 8. | Марија Ордева | Жито Маркети Велес |
| 9. | Кристина Ивановска | Жито Маркети Велес |
| 10. | Тамара Коцевска | Жито Маркети Велес |
| 11. | Леонид Миланов | Жито Маркети Велес |
| 12. | Марија Давчева | Жито Маркети Велес |
2.За ученици стипендијанти за учебната 2022/2023 година се избираат :
| Реден бр. | Ученици | Стипендист на |
| 1. | Мартина Арсовска | Општина Велес |
| 2. | Марко Поптодоров | Агриа агроиндустриска групација Велес |
| 3. | Марија Нечева | Општина Велес |
| 4. | Дамјан Арсеновски | Општина Велес |
| 5. | Деспина Миланова | Општина Велес |
| 6. | Сара Адамчевска | Општина Велес |
| 7. | Василка Карталова | Општина Велес |
| 8. | Матеј Гелев | Општина Велес |
| 9. | Кристијан Мартулков | Општина Велес |
| 10. | Лилјана Филипова | Општина Велес |
| 11. | Наумина Стоилковска | Општина Велес |
| 12. | Ана Тодорова | Општина Велес |
| 13. | Мартина Јаневска | Општина Велес |
| 14. | Јани Штерјов | Општина Велес |
| 15. | Анѓела Драган | Општина Велес |
| 16. | Леон Арсов | Жито Маркети Велес |
| 17. | Љубенка Малинова | Жито Маркети Велес |
| 18. | Џенита Кицара | Жито Маркети Велес |
| 19. | Миа Трајковска | Жито Маркети Велес |
| 20. | Ана Шопова | Жито Маркети Велес |
Член 2
Висината на стипендијата за талентираните ученици од член 1 на оваа Одлука изнесува 1.500,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2022/2023 година.
Висината на стипендијата за талентираните студенти од член 1 на оваа Одлука изнесува 2.000,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2022/2023 година.
Член 3
Средствата за оваа намена ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Велес, и истите ќе се исплатат на два дела и тоа првиот дел во оваа учебна година, а вториот дел во наредната учебна година.
Средствата од страна на донаторите ќе се исплатат на два дела и тоа првиот дел во оваа учебна година, а вториот дел во наредната учебна година за што со стипендијантите кои ги стипендираат ќе склучат договори.
Член 4
Стипендијата ќе биде исплатена на посебна трансакциона сметка на секој корисник на стипендија, по потпишувањето на договорот.
Член 5
Се задолжува Градоначалникот на Општина Велес со секој од стипендијантите да склучи посебен договор во кој ќе бидат регулирани начинот на исплата на стипендијата како и другите права и обврски што стипендијантите ги имаат кон Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес.
Член 6
Извештај на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес, согласно спроведениот Конкурс е составен дел на оваа Одлука.
Член 7
Оваа Одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето, во „Службен гласник на Општина Велес“.
Претседател
на Советот на Општина Велес,
Зоран Љутков


