По пауза од неколку години, мотоциклистите се враќаат на брегот на велешкото езеро Младост да го возобноват некогаш традиционалниот Мото собир. На 13 мај годинава, велешани повторно ќе бидат домаќини на мото собирот на кој ќе учествуваат голем број мотоциклисти од земјава и од странство. Манифестацијата „Мото бич парти“ ќе се реализира во организација на Здружението на граѓани „Мото клуб – Носачи на крстот“ од Велес со поддршка на Општина Велес.
Повеќе информации за настанот ќе бидат објавени наскоро на официјалната веб страница на Општина Велес.