Преку проектот “Поблиску до граѓаните – Зајакнување на општинските услуги преку нови технологии” создадовме нов софтвер за дигитализација на минимум 25 услуги, со кои ги донесовме општините поблиску до граѓаните.
Со реализација на овој иновативен модел на меѓуопштинска соработка, кој е пример за останатите општини, го остваривме ветувањето за отворена и достапна општина, со комуникацијата како клучен фактор во креирањето на локалните политики.
Благодарност до УНДП, Бирото за регионален развој, Министерството за локална самоуправа, Центарот за развој на Вардарски плански регион, како и Општините партнери во проектот – Лозово, Градско, Росоман и Демир Капија, за соработката во целиот процес.
Продолжуваме посветено, за Велес за сите нас!
Линк до апликацијата: https://euslugi.veles.gov.mk