Денеска се навршуваат 121 година од смртта на учителот и револуционер Петар Михов. По повод годишнината, делегација на Општина Велес се поклони пред гробот на Михов во црквата Св.Спас и положи свежо цвеќе.
Петар Михов е учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години по формирањето на ТМРО. Во април 1902 година е однесен во скопскиот затвор Куршумли Ан каде е ѕверски мачен и на 6 мај е пронајден мртов во својата келија. Во македонската историја е познат и како директор на Гимназијата во Велес.