„Да му го земеш јазикот на еден народ, тоа значи да му ја земеш душата“ Оваа безвремена мисла на нашиот великан, поет и револуционер Коста Солев Рацин е ѕвезда водилка на секој македонец што живее на ова парче земја но и на сите други, распостранети ширум светот, чиј мајчин јазик е македонскиот.
Денес, 5 Мај, кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука да се потсетиме дека јазикот е нашата Татковина, нашето минато, сегашност и иднина.
Да останеме доследни и верни на корените и традицијата, да продолжиме да го чуваме, негуваме и афирмираме мајчиниот јазик.
По повод Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука вечерва на Спомен Костурницата во Велес ќе се прикажат 3Д проекции со стихови од поезијата на Коста Солев Рацин и на други македонски поети.
Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука, 5 Мај.