Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19…288/21), член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14……. 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време со арх. бр.08-2095/2 од 25.04.2023  година, Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната

О Д Л У К А
за избор на кандидат по Јавен оглас
за засновање на работен однос на определано време

  1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас со арх.бр. бр.08-2095/2 од 25.04.2023 година, за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Советник за сообраќај и патишта во Одделение за комунални работи и сообраќај, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој -1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
  • Трајан Симоновски
  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на определено време, заради привремено зголемен обем на работа.
  2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 27.04.2023 година, објави Јавен оглас (со арх.бр.08-2095/2 од 25.04.2023  година), за прием на работник во работен однос на определено време на работно место  Советник за сообраќај и патишта во Одделение за комунални работи и сообраќај, УПР 01 01 В01 000 – 1(еден) извршител, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот  оглас се јави 1(еден) кандидат.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.02-2095/7 од 05.05.2023 година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член 23 став 4 од Законот за работни односи, член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.