По повод 9 Мај, Денот на Европа, Младинскиот центар во соработка со Општина Велес и со поддршка на Локалната библиотека Гоце Делчев, денеска одржа работилница на која се промовираа европските вредности. Ученици од ООУ Васил Главинов направија презентација на Италија, земја членка и основач на Европската Унија. Присутните се запознаа со најзначајните географски и демографски карактеристики, природните убавини, културата и традицијата на Италија.
На настанот се одржа интерактивна игра во која учениците имаа можност да ги споделат искуствата од своите посети на земји членки на ЕУ, овозможени преку програмата Еразмус +.
Одбележувањето на Денот на Европа го збогати и танцовата точка на најмладите културни амбасадорки на Велес, членките на балетското студио Анабела.