Денес и утре, петок и сабота (23 и 24. 06. 2023 година ) на дел од улица „Љубљанска“ ќе се изведуваат градежни работи за санирање на асфалтен коловоз оштетен од невремето.
На улицата ќе бидат поставени барикади и знаци со кои ќе се пренасочи сообраќајот со цел да се овозможи непречено изведување на работите.
Барикади ќе бидат поставени пред влез во ООУ „Блаже Конески“ на спојот на „Љубљанска“ со улица „Костурска“ , како и на спој на улица „Љубљанска“ со улица „Рилски Конгрес“.
Сообраќајот ќе се пренасочи по улица „Рилски конгрес“ кон улиците „Сараевска“ и „Орце Мартинов“, како и кон улица „Костурска“.
Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација со цел да се овозможи непречено и безбедно изведување на работите.