Од следната недела ќе започнат градежните работи за темелна реконструкција на улица Орце Мартинов , од потегот – спој со улица “Самоборска “ до спој со улица “Игманска “ во должина од околу 360 м .
Градежните работи ќе се изведуваат со ангажирање на градежна механизација за изведување на градежните работи од различен обем и вид – градежни машини , транспортни средства , механизација за асфалтирање. На лице место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес .
Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација во интерес на безбедно изведување на градежните работи како и безбедно одвивање на сообраќајот .
Градежните работи ќе се изведуваат во траење од два месеца .