Врз основа на член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„бр. 75/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.28З од 27.12.2022 година),

Советот на Општина Велес објавува:

Јавен повик

за избор на членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес

 

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на пет членови на Управниот Одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.

Постапката се спроведува согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 283). Основна дејност на претпријатието e 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода.

Покрај основните дејности, Претпријатието обавува и други дејности:

01.19 Одгледување на останати едногодишни насади и посеви

0129 Одгледување на останати повеќегодишни посеви

01.30 Одгледување на саден материјал

43.11 Уривање

43.12 Подготвителни работи на градилиште

42.91 Изградба на хидроградежни објекти

43.22 Поставување на инсталации за водовод, канализација и плин и инсталации за греење и клима-уреди

68.20 Издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг)

71.11 Архитектонски дејности

71,12 Инжинерство и со него поврзано техничко советување

71.20 Техничко испитување и анализа

96.03 Погребни и слични дејности

-Одржување на гробишта како тековно и инвестиционо одржување на комуналната инфраструктура и придружните објекти на гробиштата

81.30 Услркни дејствија за уредување и одржување на животната средина

42.99 Изградба на други објекти од нискоградба, неспомнати на друго место

43.99 Останати специјализирани градежни работи, неспомнати на друго место

37.00 Отстранување на отпадни води

 

 

 

38.11 Собиранье на безопасен отпад

38.21 Обработка и отстранување на безопасен отпад

38.32 Обновување на посебно издвоени материјали

46.77 Трговија на големо отпадоци и остатоци.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk и на страната на ЈКП „Дервен“ Велес https://derven.mk/

 

  1. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

За член на Управен одбор на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

  • е државјанин на Република Северна Македонија,
  • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll степен образование и
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Освен условите наведени во член 17 став 4 од Законот за јавни претпријатија, членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

– два члена на УО треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од Државниот завод за статистика,

– најмалку еден член на УО треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиското работење,

– најмалку еден член на УО треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и

– најмалку еден член на УО треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

 

Времетраењето на мандатот на членовите изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.

 

  1. РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА УПРАВНИОТ ОДБOР

Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот Одбор ги има следните работни задачи, одговорности, права и обврска и тоа:

  1. Го донесува статутот на јавното претпријатие;
  2. Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие;

 

 

  1. Ја утврдува деловната политика;
  2. Ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
  3. Одлучува за употребата на средствата остварени со работењето на јавното претпријатие и покривање на загубите,
  4. Ги донесува одлуките за инвестиции;
  5. Ги утврдува цените на производите и услугите,
  6. Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие;
  7. Го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените и
  8. Врши други работи утврдени со актот за основанье и статутот на јавното претпријатие.

 

  1. НАДОМЕСТОК

Претседателот и членовите на управниот одбор имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие. Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на УО поединечно не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето-плата на вработените  во ЈП исплатена во претходната година. Висината на месечниот надоместок за претседателот и членовите на УО ја утврдува основачот на јавното претпријатие.

6 . НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на УО на ЈКП „Дервен“ Велес се:

  1. Државјанство на Република Северна Македонија,
  2. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,

 

 

 

  1. Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  1. Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северена Македонија со евидентиран стаж,
  1. Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна материјална, морална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација,
  2. Кратка биографија,
  3. Писмо за интерес/мотивација,
  4. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
  1. ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ

Постапката за селекција на членовите на управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес се состои од две фази и тоа:

–  административна селекција (се состои од проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во Јавниот повик) и бодување и

– интервју (го спроведува Комисијата за селекција која на предлог на Градоначалникот, ја избира Советот на општината)

Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk

 

8.РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Јавниот повик се објавува на ден 11.09.2023 и трае 10 (десет) работни дена, односно најдоцна до 22.09.2023 година.

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оргинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е прилог кон повикот) да ја достават до:

Општина Велес, ул„Панко Брашнар” бр.1, 1400 Велес или во архива на Општина Велес (со назнака: За Јавен повик за именување на член на Управен Одбор на ЈКП „Дервен“ Велес)

Краен рок за поднесување на пријавите е 22.09.2023 година.

Незадоволните кандидати од постапката за селекција за членови во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.


 

Јавен повик

Образец за пријавување