Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од утре, среда ( 04.10.2023 година) до петок (06.10.2023 година) ќе биде исклучен од сообраќај дел од улица „Вера Циривири“, од потегот на спојот со улица „Ѓорѓи Димитров“ до спој со улица „Бошко Златанов“.
Причината за исклучување на овој потег е изведување на градежни работи за реконструкција на капаци за шахти за фекална канализација.
Поради потребата за стврднување на бетонот делот од улицата 3 (три ) дена нема да се користи за сообраќај.
Општина Велес со апел до граѓаните за разбирање и трпеливост заради непречено одвивање на градежните работи.
На потегот „Вера Циривири“ – „Ѓорѓи Димитров“ сообраќајот ќе се одвива непречено.