Во просториите на Европска куќа Велес, денес се одржа промотивен настан во чијшто рамки се одржа и Работилница за млади, на која младите од Велес имаа можност да дебатираат и да донесат Заклучок, односно да детектираат еко проблем на локално ниво поврзан со климатските промени.
Овој настан е дел од проект на Агенцијата за млади и спорт (АМС), финансиски поддржан од Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) кој се однесува на поддршка на младинското учество во животната средина и климатските промени на локално ниво, за што Општина Велес и Агенцијата за млади и спорт неодамна потпишаа и Меморандум за соработка.
На Работилницата присуствуваа претставници на Агенцијата за млади и спорт, Здруженија на граѓани со еколошки предзнак од Велес, ученици и професори од општинските средни училишта во градот, претставници на Локалниот младински совет и Младинскиот центар од Велес, како и претставници на општинската администрација од Одделенијата за животна средина и Локален економски развој (ЛЕР).
Врз основа на детектираниот проблем на локално ниво, произлезен од младите учесници на работилницата, АМС и УНИЦЕФ ќе ангажираат стручни експерти од областа за изработка на елаборат за еко-проблемот кој како решение ќе биде доставен до Општина Велес.
Со ова се заокружи втората фаза од проектот, додека во текот на следниот месец, ќе се реализира третата фаза, каде пред велешани ќе биде претставено решението за детектираниот проблем.
Агенцијата за млади и спорт, го спроведува овој проект во општините Велес, Гевгелија и Берово.