На денешен ден се навршуваат 79 години од загинувањето на Јовче Тесличков. Општина Велес се приклучува кон одбележувањето на патрониот празник на општинското средно училиште што го носи неговот име. Во рамки на програмата за одбележување на патрониот празник, ОСУ „Јовче Тесличков“ ги реализира следните активности:
-Работилница на тема „Благодарност кон телото“
-Презентација на маркетинг план – Модуларна станица за полнење на електрични автомобили
-Квиз: „Финансиски прозорец кон дигиталната ера-Инвестирањето во финансиска едукација е инвестирање во иднината“
-Дебата на англиски јазик на тема: „Social networks-Are they a blessing or a curse?“
-Свечена програма
-Драматизација: „Разделбата на Хектор и Андромаха“
-Јавен говор: „Јазикот е душата на еден народ“
-Отворање на кабинет за дигитален маркетинг