Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-1046/14 од 13.11.2023 год.,
Подносител на барањето:
Друштво за инженеринг проектирање монтажа и услуги КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Сакопје, Подружница – Локалитет Баш Колиби Велес за инсталација за експлоатација на техногена минерална суровина (ТМС) со поставување на постројка за дополнителни активности на дробење и мелење на локалитет Баш Колиби, општина Велес со капацитет на сепарација од 220.000 т/год. на ТМС.
Адреса:
ул.Славко Јаневски бр.15-1/15 Скопје-Центар, Центар
Локација на инсталацијата:
КП 10850, КП 10849, КП 10845, КП 10848/1, КО Велес, oпштина Велес
Контакт лице:
Мартина Блинкова Дончевска – изработувач на барањето за добивање на Б- Интегрирана еколошка дозвола
Тел: 078/203-724
Милјан Шќекиќ-сопственик/управител
Тел: 078/296-523
Категорија на инсталација:
Точка 3. Индустрија на минерали подточка. 3.2.Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk
За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина, секој работен ден од 08.00-15.00 часот.