По осумнаесетти пат годинава, „Друштвото на родители за грижа за здраво поколение“ од Велес, го организира едукативниот камп „Климатска рехабилитација”.Кампот се одржува во периодот од 5. до 11. август 2019 година, на планината Кожуф, во детското одмаралиште „Михајлово”. Триесетина деца од Велес, се дел од проектот „Климатска рехабилитација“.
„За време на седумдневниот престој, учесниците на рехабилитацијата, покрај секојдневните прошетки во природа, имаат можност да се дружат и запознаат меѓусебно и да научат нови животни вештини, преку организирани едукативно-интерактивни работилници на неформален начин. Престојот на планина, како воздушна бања е од исклучително значење за превенција од респираторни заболувања и позитивно влијае на општото здравје кај децата”, истакна Иванка Андова, претседател на здружението.
Општина Велес финансиски ја поддржа Климатаската рехабилитација и оваа година, со што континуирано придонесува за развој и грижа за здравјето на најмладите.