Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/11), член 8 од Прaвилникот  за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес  („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.17/22 и 18/22), а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес за 2023/2024 година бр. 25-4686/2 од 15.11.2023 година.

Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 21.11.2023 година, распишува

К О Н К У Р С
за стипендирање на талентирани ученици и студенти
за учебната 2023/2024 година

За учебната 2023/ 2024 година, Општина Велес ќе додели:

  • 17 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци за учебната 2023/2024 година.
  • 17 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.500 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината за учебната 2023/2024 година.

Средствата за стипендиите се обезбедени од: Буџетот на ОПШТИНА ВЕЛЕС, и донации од: ЖИТО МАРКЕТИ и АГРИА-АГРОИНДУСТРИСКА ГРУПАЦИЈА ДООЕЛ Велес

             Услови за доделување на стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а  ги исполнуваат следните услови:

  1. Редовни ученици од средно образование од II, III, IV година со одличен успех, (за годината која и претходи на година во која аплицира за стипендија)  кои освоиле награда на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот (во претходната учебна година);
  2. Редовни студенти со минимум запишана II година со континуирано студирање, кои освоиле награда на државни или награда на меѓународни натпревари  од областа на науката, техниката, културата и спортот, и во текот на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
  3. Да се жители на Општина Велес и
  4. Да се државјани на Република Северна Македонија.

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

 За ученици

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Свидетелство од претходна учебна година.
  3. Документ кој потврдува освоени награди од општински, регионални, државни и меѓународни натпревари (за претходната учебна година).
  4. учества во хуманитарни акции, учества на семинари, конференции, образовни прoекти, активни партиципации во НВО, благодарници и слично(за претходната учебна година).
  5. Препорака од предметниот наставник во која ќе наведе учеството на натпревари и освоените награди (освоени во претходната учебна година).
  6. Фотокопија од лична карта или пасош или друг документ со кој се потврдува жителството.
  7. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита.

За студенти

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Уверение за положени испити.
  3. Потврда за запишана година на факултетот.
  4. Документ кој потврдува освоени награди на државни и меѓународни натпревари.
  5. учества во хуманитарни акции, учества на семинари, конференции, образовни прoекти, активни партиципации во НВО, благодарници и слично.
  6. Потврда за објавени стручни трудови.
  7. Препорака од ментор на студентот.
  8. Фотокопија од лична карта или пасош.
  9. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита.

Место и рок за поднесување на документите

Пријавата со потребните документи се доставуваат по електронски пат на https://euslugi.veles.gov.mk/ или во затворено плико со назнака „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ во архивата на Општина Велес или по пошта на ул.„Панко Брашнар”  бр.1 Велес.

Рокот за поднесување на документите е од  21.11.2023 до 04.12.2023 година.

Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги, архива на Општина Велес и на веб-страната на Општина Велес.

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.

Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 109 или 075 325 688 и 078 342 316

Конкурсот ќе биде објавен:

  • на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес и донаторите
  • на огласна табла во Општинскиот центар за услуги,
  • на огласна табла во сите средни училишта во градот
  • на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб страницата на https://euslugi.veles.gov.mk (https://euslugi.veles.gov.mk/Account/Help) , како и преку следните електронски адреси: ivica.tasevski@veles.gov.mk, it@veles.gov.mk.