84 годишнината од излегувањето од печат на Рациновите „Бели мугри“ се одбележа со промоција на творештвото на авторката Славица Дабевска Кировска во Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Граѓаните присутни на промоцијата се запознаа со содржината на прозните дела „Зелениот капут“ и „Срна“, за кои авторката најави продолжение со што оваа едиција ќе стане трилогија во која е преточена вистинска приказна.
Настанот го збогатија музичките точки на Љубе Лазов од ОМУ „Стефан Гајдов“ и пејачката група при Здружение на пензионери Велес. Извадоци од делата читаа Кристина Шопова и Марија Бошевска, а во улога на водител беше роднокрајната поетеса Јасмина Ѓорѓиева. Со своите афоризми присутните ги насмеа афористичарот Атанас Крлевски.
Славица Дабевска Ќировска e родена во Тетово. Пишува поезија и проза. Досега ги има објавени следниве стохозбирки на современа поезија: „Булки покрај пругата“ (2011) „Венчаница“( 2012) „Душа која грее“(2012) ,,Само ѕвездите знаат“(2013).Зелениот Капут-роман(2016), Срна( 2022)-роман и неодамна стихозбирката со симболичен наслов,, Плетенка,,(2023).Досегашното поетско умеење е претставено на многубројни литературни портали, за што зборуваат бројни дипломи и зборници во кој е застапена.