Врз основа на член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 12/06, 03/09, 18/10 , 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), а согласно член 11, од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 11/11) и член 12 од Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.17/22,18/22 и 16/23) и Годишна програма за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес за 2023/2024 година бр. 25-4686/2
Советот на Општина Велес на седницата одржана на 13.12.2023 година, донесе
О Д Л У К А
за избор на талентирани ученици и студенти кои
добиваат стипендија за учебната 2023/2024 година
Член 1
Со оваа Одлука се врши избор на талентирани ученици и студенти кои добиваат стипендија за учебната 2023/2024 година, согласно Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес.
1.За студенти стипендијанти за учебната 2023/2024 година се избираат:
Реден бр. | Студенти | Факултет |
1. | Љубенка Ордева | Факултет за медицински науки Универзитет „Гоце Делчев“ Штип |
2. | Тамара Коцевска | Медицински Факултет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје |
3. | Бојана Кацарова | Факултет за медицински науки-Универзитет „Гоце Делчев“ Штип |
4. | Бојана Спасовска | Правен факултет „Јустинијан Први” Скопје |
5. | Марија Ордева | Филозофски факултет –Универзитет „Св Кирил и Методиј“Скопје |
6. | Стојан Стојанов | Музичка академија, Универзитет „Гоце Делчев” Штип |
7. | Јован Калајџиев | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Универзитет „Св Кирил и Методиј“Скопје |
8. | Кристина Ивановска | Правен факултет „Јустинијан Први” Скопје |
9. | Филип Петров | Фармацевтски факултет Универзитет „Св Кирил и Методиј“Скопје |
2.За ученици стипендијанти за учебната 2023/2024 година се избираат :
Реден бр. | Ученици | Училиште |
1. | Марко Поптодоров | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес |
2. | Марија Нечева | ССОУ ,,Димитрија Чуповски” -Велес |
3. | Василка Карталова | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес |
4. | Ана Бошкова | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес |
5. | Дора Пајдакова | ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје |
6. | Изабела Ѓурчиновски | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
7. | Наумина Стоилковска | ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес |
8. | Марко Димовски | ССОУ „Коле Неделковски“ Велес |
9. | Пљокова Јана | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
10. | Бојана Митревска | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
11. | Кристијан Мартинов | СОУ “Гимназија Кочо Рацин” – Велес |
12. | Марија Кириќ | ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес |
13. | Eлена Наумова | ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес |
14. | Матеј Гелев | ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје |
15. | Бојана Воденичарова | ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес |
16. | Филип Андoновски | ССОУ Димитрија Чуповски Велес |
17. | Ана Шопова | ССОУ Димитрија Чуповски Велес |
18. | Дамјан Арсеновски | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
19. | Лилјана Филипова | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
20. | Сара Секуловска | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
21. | Андреја Нешов | ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес |
22. | Сара Адамчевска | ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес |
23. | Ана Тодорова | ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес |
24. | Миа Трајковска | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
25. | Викторија Панзова | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
26. | Стефани Амбаркова | ССОУ ,,Коле Неделковски” Велес |
27. | Андреј Митковски | СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес |
Член 2
Висината на стипендијата за талентираните ученици од член 1 на оваа Одлука изнесува 2.000,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2023/2024 година.
Висината на стипендијата за талентираните студенти од член 1 на оваа Одлука изнесува 2.500,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2023/2024 година.
Член 3
Средствата за оваа намена ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Велес, и истите ќе се исплатат на два дела и тоа првиот дел (за месеците 10,11,12 2023 година) во оваа учебна година, а вториот дел во наредната учебна година (за месеците 1-6) за што со стипендијантите кои ги стипендираат ќе склучат договори.
Средствата од страна на донаторите ќе се исплатат на два дела и тоа првиот дел (за месеците 10,11,12 2023 година) во оваа учебна година, а вториот дел во наредната учебна година (за месеците 1-6) за што со стипендијантите кои ги стипендираат ќе склучат договори помеѓу стипендијантот, донаторот и Градоначалникот.
Член 4
Стипендијата ќе биде исплатена на посебна трансакциона сметка на секој корисник на стипендија, по потпишувањето на договорот.
Член 5
Предлог листата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес, согласно спроведениот Конкурс е составен дел на оваа Одлука.
Член 6
Оваа Одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето, во „Службен гласник на Општина Велес“