Комисија за селекција за избор на членови во управен одбор на Јавно комунално претпријатие ,,Дервен’’ Велес

Бр.02-239/1

11 јануари 2024 година

          Велес        

Врз основа на член 17, 17-б и 17-в од Законот за јавните претпријатија (,,Службен весник на Републиика Македонија’’ бр.338/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12,119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.75/19, 89/22 и 274/22), како и чл.4 и чл.5 од Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (,,Службен весник на Републиика Северна Македонија’’ бр.283 од 27.12.2022 година, Комисијата за селекција за избор на членови во управен одбор на Јавно комунално претпријатие ,,Дервен’’ Велес формирана со Решение арх.бр.25-2123/22 од 27.04.2023 година, од страна на Советот на Општина Велес во состав:

 

1.Марија Чатмова-претседател

2.Сања Карабатова Игновска-член

3.Сашко Ѓорѓиев-член

 

за својата работа, го изготви следниот:

ЗАПИСНИК

 

            Состанокот на Комисијата  одржан на 11 јануари 2024 година, започна во 12,30 часот и со него претседаваше  претседателот  на Комисијата, Марија Чатмова.

На состнокот на Комисијата присуствуваа  членот Сања Карабатова Игновска и членот Сашко Ѓорѓиев.

Согласно член 17-б и член 17-в од Законот за јавните претпријатија, Комисијата спроведе административна селекција на кандидатот за член на управен одбор на ЈКП Дервен, уредно пријавен на Јавниот повик за избор на членови на Управен одбор на ЈКП Дервен Велес бр.25-4864/24 од 28.11.2023 година

При административната селекција (фаза1), Комисијата изврши проверка на внесените податоци во поднесената пријава со условите утврдени со Јавниот повик и Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и врз основа на член 5 од Правилникот  за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување, селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија изврши бодување на пријавениот кандидат, според стекнато образование и работното искуство во струката, при што ги бодуваше и сите поединечни докази (сертификати, лиценци, уеренија, дипломи издадени од акредитирани институции) од областа за која треба да биде членот на Управниот одбор.

 

Врз основа на спроведената административна селекција Комисијата констатираше дека на Јавниот повик е пријавен само еден кандидат и истиот ги исполнува  условите утврдени во Јавниот повик, при што изврши бодување на доставените докази:

 

– Грозданка Наумовска-работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие-  35  бода.

-бодови за стекнато образование-10 бода

-бодови за работно искуство во струката-25 бода

 

Кандидатот, најдоцна 24 часа од денот на објавувањето на записникот на веб страницата на основачот, може да побара увид во однос на бодувањето на доказите кои ги има доставено кон пријавата и да и укаже на Комисијата за несоодветност во однос на бодувањето.

Состанокот на Комисијата заврши во 13,30 часот.

 

Записник за селекција