Општина Велес годинава за прв пат ќе организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун. Во Младински парк граѓаните ќе имаат можност да уживаат во вкусот на виното на неколку локални винарии но и во вкусната храна од штандовите. За впечатокот да биде комплетен ќе се погрижат повеќе музички бендови и артисти.
Манифестацијата по повод Свети Трифун ќе се одржи на 14 февруари во Младински парк. Повеќе детали околу програмата ќе бидат објавени наскоро.
На големиот христијански празник, традиционално се закројуваат лозјата во чест на Свети Трифун – заштитникот на лозарите.