Врз основа на  член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18), член 11 од Законот за пожарникарство (,,Службен весник на Република Македонија бр.67/04……39/16) и член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005….. 120/2018),

Градоначалникот на Општина Велес објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2024

за засновање на работен однос на неопределено време

во Територијална противпожарна единица на Општина Велес

 

 

 

Територијална противпожарна единица на Општина Велес има потреба од вработување/засновање на работен однос на неопределено време на 3 (тројца) извршители за следното работно место:

 

 

  1. 1. Пожарникар спасител, ниво В4, шифра ПОЖ 02 10 В04 000 – 3 (тројца) извршители,

 

-општи услови:

-кандидатот да е државјанин на РСМ,

-да е полнолетен,

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да има општа здравствена способност за работно место,

-со правосилна судска пресуда  да не му изречена казна забрана на вршење  на професија,

 

-општи работни компетенции на основно ниво:

учење  и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа  и ориентираност кон засегнати страни.

 

  -посебни услови:

-стручни квалификации: ниво на квалификации lV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или  МКСОО или најмалку  вишо или средно образование.

-работно искуство: за нивото В4 со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на РСМ како работен стаж.

 

-распоред на работно време: дневно работно време-работа  во две смени од 07 часот до 19 часот и од 19 часот до 07 часот.

 

-паричен нето износ на плата: 27.793,00 денари

Кандидатите кон Пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:

– Биографија (CV),

– Диплома  за завршено образование, оригинал  или заверен  препис,

– Уверение за Државјанство на РСМ, оригинал  или заверен  препис,

-Доказ дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,

-Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место,

– Доказ за работното искуство

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на неопределено време,

 Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2024, вработувањето е предвидено за 3 (тројца) Македонци.

Јавниот огласот трае 3 работни дена од денот на објавувањето во дневен печат.

Изборот по јавниот оглас ќе се изврши во рок определен со член 23 од Законот за работните однос.

Пријавата за враборување може да се преземе од веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk

Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес  ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: „За јавен оглас за засновање на работен однос на неопределено време за пожарникар спасител “

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок ќе се сметаат како неблаговремени и истите нема да се разгледуваат.

Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите, проверка на веродостојност на доказите  и интервју.

Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од  осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

Доколку при проверката се утврди  дека недостасува  некој од  доказите, комисијата е должна  да побара од кандидатот во рок од три дена да  ги комплетира  доказите.

По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста  на доказите.

По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.

Потребата од физичката способност на кандидатите, органот ќе ја утврдува  преку посебна формирана комисија од Општина Велес.

Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни  критериуми, пропишани  од Градоначалникот на единицата  на локалната самоуправа.

По спроведената постапка  на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг–листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.

Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот, кој врши избор во рок од 15  дена.

За Општина  Велес, тел.контакт 043-232 406