Се известуваат граѓаните кои живеат или транзитираат на улица „Белградска“ , на потегот од спој со улица „Киро Ќучук“ до спој со улица „Невена Георгиева Дуња“, дека во петок, 9 февруари, ќе се врши бушење на асфалтот на 5 локации на улицата.
Целта на бушењето на улицата е да се земе материјал за испитување за потребите на изработка на проект за реконструкција на улицата „Белградска“.
Додека се врши бушењето ќе се јави одреден застој на сообраќајот на петте локации на улицата. Општина Велес со апел до граѓаните да покажат разбирање и трпение со цел непречено извршување на неопходните градежни зафати.