Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22),

            Градоначалникот на Општина  Велес, на ден  15.02.2024 година  донесе

 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

 

За планскиот документ изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за Е1.13 (Фотонапонски панели за производство на ел.енергија кои се градат на земја) „Голем Рид” на дел од КП бр.108/1, К.О. Башино село вон град, Општина Велес koj се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.С.Македонија бр. 32/20 и 111/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

  1. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.
  2. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за Е1.13 (Фотонапонски панели за производство на ел.енергија кои се градат на земја) „Голем Рид” на дел од КП бр.108/1, К.О. Башино село вон град, Општина Велес нема да има влијание врз животната средина од следните причини:

–              Рационално користење, штедење и заштита на природните ресурси и искористување на сончевата енергија како обновлив извор на енергија,

–              Намалување на емисиите во воздухот и на емисиите на стакленички гасови,

–              Намалување и ублажување на климатските промени,

–              Зголемување на енергетската ефикасност во однос на постоечките постројки во секторот енергетика,

–              Намалување на зависноста од увоз на струја,

–              Позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот.

  1. Според горе наведената планска документација на предметниот простор има предвидено намена:

Е-ИНФРАСТРУКТУРИ

Е1.13 – Фотонапонски панели за производство на ел.енергија кои се  градат на земја

Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија

  1. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена