Општина Велес ќе организира Базар по повод 8 Март, Меѓународен ден на жената. По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар. Во барањето треба да наведат на која од двете локации, Младински парк и плато пред Основен суд Велес, да ги постават тезгите. Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица е потребно да достават копија од лична карта. Осмомартовскиот базар ќе се одржи на 6,7 и 8 март (среда, четврток и петок).