Реновираната спортска сала во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски е ставена во функција со пријателски натпревар во одбојка помеѓу ученички од двете средни училишта.
Сегашните и идни генерации ќе можат да ги користат бнефитите од целосно реконструираната спорстка сала.
Освен реновирањето на салата обезбедени се и шкафчиња во кои учениците ќе можат да ги оставаат своите учебници и училишни материјали.
Општина Велес континуирано инвестира во училиштата и иднината на младите.