Изградбата на Регионалниот центар за зггрижување на бездомни миленици во Кавадарци е во завршна фаза. Во тек е партерно уредување на објектот кој се простира на поврина од 5470 метри квадратни и ќе функционира со поддршка од општините Свети Николе, Чашка, Велес, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.
Со ставањето во функција на овој стационар ќе се реши долгогодишен проблем на велешани, но истовремено ќе се обезбеди хуман третман за уличните кучиња.
Изградбата на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.