Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот, 27 Март, ден посветен на креативноста, умешноста на уметничкото битисување, блесокот на театарската сцена.
Општина Велес им го честита денот на актерите од велешкиот театар „Ј.Х.К.Џинот“ со искрени желби за врвни и неповторливи улоги на театарската сцена, да блеснат во највисоко светло на уметнички израз и да останат доследни и верни на неговото височество-публиката.
Општина Велес останува верен партнер и соработник на театарските работници во сите сегашни и идни проекти кои придонесуваат за културниот развој на градот.