Врз основа на член 78 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19, 42/20, 74/21, 215/21 и 58/24) и член 50 став 1, точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/02), Градоначалникот на Општина Велес
О Б Ј А В У В А
утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат
изборни плакати со обезбедени еднакви услови за
сите организатори на изборната кампања учесници
во Парламентарни избори во 2024 година
I. Локации за поставување на изборни плакати
ЗАКАЧУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ СТОЛБОВИ, СТОЛБОВИ ЗА УЛИЧНА РАСВЕТА СО ДИМЕНЗИИ 0,50 х 0,70 м. ЧИСТА ВИСИНА НА ПОСТАВУВАЊЕ – 2,60 м. ОД ДОЛНАТА ИВИЦА НА ПАНОТО
- На ул.”Алексо Демниевски-Бауман” на потегот од крстосницата кај пошта до Бензиската пумпа на 16 метални столба за улично осветлување.
- На ул.”Петре Прличко”(левиот брег на р.Вардар), на спојот од Стар мост-од Детската градинка, од страната на Градскиот пазар се до мостот „Гемиџии“ на 12 метални столба за улично осветлување.
- На ул.”Димитар Влахов” од Градски пазар пред Жито маркет, по раскрсницата кај Мостот „Гемиџии“, во правец на Железен мост се до бензиска пумпа на Лук-оил на 26 метални столба за улично осветлување.
- На ул.”Гоце Делчев” на 7 столба за улично осветлување.
- На ул.”Страшо Пинџур” на 3 столба за улично осветлување.
- На ул.”Благој Ѓорев” од исклучокот кон Хемија комерц до раскрсницата кај Пошта 80 столбa за улично осветлување.
- На ул.”АСНОМ” од раскрсницата кај Општина до поранешна ф-ка „Топилница“ на 30 столбa за улично осветлување.
- На ул.”Борис Трајковски” од почеток на улицата (зградата на ВУК) до Трговскиот центар до спојот со ул.„Благој Ѓорев“ на 21 столб за улично осветлување.
- На „Алеско Демниевски-Бауман“, од ф-ка за масло Благој Ѓорев до Железничка станица на 13 столба за улично осветлување.
- На ул.„Вардарска”, на страната кај “Ветекс”, на 30 метални столба за улично осветлување.
- Потпорен ѕид на ул. „Димко Најдов“ со почеток од Стар мост кон Долни дуќани.
- Потпорен ѕид на ул.„Димитар Влахов“ под плоштад „Варналиите“.
- Потпорен ѕид на ул. „Благој Ѓорев“ од кривината на „ЈЗУ Здравствен дом Велес“ до скалите пред Пошта.
II.Начин на доделување на локациите за поставување на изборни плакати
- Утврдените локации за поставување на изборни плакати се без надоместок.
- Општината ќе го изврши обележувањето на местата за поставување на изборните плакати за секој подносител на листи поодделно, по утврдувањето на листата на учесници во изборната кампања.
- Обележувањето ќе се изврши рамноправно за сите учесници во изборната кампања.
- Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.
- Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.
- Не се дозволува лепење на изборни плакати на фасади, културно-историски споменици, спомен обележја, бисти, платанови стебла и останати стебла на дрвјата од централно градско подрачје.
- Во населените места во Општина Велес се дозволува лепење на изборни плакати на слободни површини погодни за таква намена, односно на станбени или други приватни објекти со претходна согласност (одобрение) од сопственикот на објектот.
- Поставување на плакати на постојните билборди во градот, заинтересираните можат да го остварат со барање кон „Акцент медиа“Скопје или на тел: 070 38 38 38.
- Согласно Одлуката за утврдување на местата и начинот на бесплатното плакатирање на подрачјето на Општина Велес (“Службен гласник на Општина Велес”бр.5/02) не се дозволува поставување на изборни плакати на рекламните столбови поставени на подрачјето на Општината.
- Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други организатори на изборната кампања е забрането.
- Организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.
Не придржувањето кон утврдените места и определените услови повлекува казна за сторен прекршок според казнените одредби од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20, 74/21, 215/21 и 58/24).