Во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ денеска во салата Бели мугри се одржа театарската претстава „Тивки жртви“ во изведба на Младинско драмско-поетско студио ПРЕМИЕРА. Претставата ја отвори темата за врсничко насилство, булинг и сајбер насилство, негативни појави кои го окупираат секојдневието на младите во денешницата.
Младите актери на сцената на мошне суптилен начин ја прикажаа агонијата на жртвите на насилството, доминантноста на појаките врз послабите, но на крај поентираа со силна порака до младите, која истовремено може да биде порака и до возрасните, да се негува другарството, почитта и различностите.
Претставата „Тивки жртви“ беше прикажана пред учениците од средните училишта во градот.
Проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ е финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на Општина Велес и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со УНФПА, УНЕСКО и UN Women.
#futureisYOUth #UN4Uth #YoUNivers #location/country/territory #city Veles #media #sport #art #travelling #genderequality #respect4diversity