Започна реконструкцијата на уште една улица во село Раштани. Градежната механизација ги почна активностите на терен, во тек се подготвителни земјени работи на улицата во ова населено место, по што следува поставување на завршен слој асфалт.
Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности за рамномерен развој.