Со чистење на неколку локации на езеро Младост, Општина Велес и годинава учествуваше на најголемата еколошка акција во државата, Генералка Викенд 24. Во акцијата учествуваа вработени во општинската администрација, ЈКП Дервен, Здружение на граѓани Акцијаши. Училиштата се вклучија со чистење на училишните дворови, а најмалите од детската градинка „Димче Мирчев“ ги чистеа дворовите на клоновите.
Акцијата „Генералка викенд 24“ е во организација на компанијата „Мен анд маунтен“ и се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Пивара-Скопје, Пакомак и Шпаркасе МК.
За секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по едно дрво во нивните годишни планови за пошумување.
Во Генералка викенд годинава. што се одржува по четврти пат, се вклучија 81 општини, над 350 училишта, три национални паркови (Галичица, Шар Планина и Шари од Косово), Центарот за управување со кризи, Црвен крст, Федерација на планинари, амбасади и уште стотина пензионерски здруженија, месни и урбани заедници, спортски и еколошки клубови, невладини организации и институции.