Повеќе од 300 деца учествуваа во детската трка во рамки на атлетската трка „Трчаме за Рацин“ во Велес, а на трките од 5 и 10 километри, низ велешките улици, истрчаа над 600 учесници. И покрај жешкото време, учесниците достоинствено стигнаа до целта и му оддадоа почит на безвремениот Рацин.
Општина Велес со честитки до победниците и голема благодарност до организаторот ЗГ АК „Борец“ за успешната реализација на третото издание на трката, со надеж дека ќе прерасне во уште помасовна традиционална спортска манифестација.