Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на местото на погибјето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. На Лопушник денеска се одбележа 81 годишнината од смртта на творецот на „Бели мугри“.
Пред споменикот подигнат во чест на поетот се поклонија и ултрамаратонците кои успешно го завршија својот поход во чест на великанот.
Рацин – велешка гордост, македонска меморија!