Педесетина ученици од основните училишта во Велес утрово летаа учутми на платото пред Спомен костурницата. Иницијативата „Време на летала“ потекна од советничката група Левица при Советот на Општина Велес, кој со финансиски средства во висина од 30 илјади денари го поддржа изработувањето на учутмите. Учениците со поддршка на своите наставници изработија вкупно 75 учутми, сите беа помалку или повеќе вешти во разлетувањето на леталата.
Денешниот настан го реализираа Општина Велес, Младински центар Велес и Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.
Целта на иницијативата е да се возобнови велешката традиција на игра и забава на децата и младите преку летање на учутми.