Викендов во Велес за прв пат се одржа Светски куп во кајак и кану на Меѓународната кајакарска федерација. Граѓаните имаа можност да бидат сведоци на професионални спустови на диви води и да уживаат во прекрасната глетка. На купот учествуваа околу 200 учесници од 17 држави и се натпреваруваа во шест дисциплини во машка и женска конкуренција. Најдоминантна беше екипата на Италија која освои четири од шесте златни медали. Извонредни резултати покажаа и учесниците од Велика Британија, Швајцарија, Србија, Франција, Чешка, Словенија и Македонија.