Втората фестивалска вечер на ИФФ „Велес 2024“ помина во одлична атмосфера во преполниот Амфитеатар.  Со староградски народни песни настапија членовите на „Распеани велешани“, а веднаш потоа на сцената се појавија гостите од Украина со традиционален сплет од народни песни и ора. Забавата продолжи со членовите на оркестарот при музичкото училиште „Стефан Гајдов“, а вистинско уживање приредија играорците од КУД „Рожаје“ од Црна Гора. На задоволство на посетитетлите на сцената се појавија и играорците од КУД „Гердан од бисери“ од Охрид, фолклорниот ансамбл „Миорита“ од Романија и ФА „Мало црниче“ од Србија.

Претседателот на Организациониот одбор Томе Јаневски изрази благодарност до сите учесници кои учествувале во организирањето на ИФФ во изминатите години и придонеле за промоција на фолклорот.

Фолклорниот фестивал продолжува вечерва со настапот на „Распеани пензионери“ , ФС  „Вах“ од Словачка, ЦК „Бели мугри“, ФА  „Миорита“ од Романија, ФА „Тиквеш“ од Македонија, ФА „Јагитка“  од Украина, Ансамбл „Керамичар“ и „Кочаели фолклор СК“ од Турција.

Сите слики може да ги превземете на следниот линк: https://we.tl/t-WCL3wBx1fa