Со традицонални ора и песни на ансамблите на домаќините и гостите од Полска, Романија, Австралија, Украина, Турција и Словачка заврши 19 Интернационален фолклорен фестивал Велес 2024. Велешката публика во огромен број како и на претходните три вечери ги награди учесниците со силен аплауз. Претседателот на фестивалот Томе Јаневски се заблагодари на сите кои учествуваа и дадоа свој придонес во организацијата на фестивалот и посака во иднина ИФФ да стане фестивал од светски рамки.
Сите слики може да ги превземете на следниот линк: https://we.tl/t-586LdHTNAy