Со настапот на стенд ап комичаротт Бојан Велевски во Амфитеатарот во Младински парк, вчеравечер стартуваше „Велешко лето 2024“. Велешани имаа можност да се насмеат со перформансот на Велески а веднаш потоа и да се забавуваат со музичкиот сет на ДЏ Попај.
„Велешко лето 2024“ продолжува и вечер со преносот на првото полуфинале на Европското првенство во фудбал на видео бим во Амфитеатарот.