Се реконструира улицата „Алексо Демниевски Бауман“. Во текот на вчерашниот ден градежните машини вршеа гребење на стариот асфалт за што е предвидено реконструкција на потегот од пошта до семафори, вклучително и раскрсницата кај семафорите.

Воедно на улицата ќе бидат изведени и дополнителни сливници за собирање на атмосферските води со што ќе се реши една од најкритичните точки во градот при обилни дождови.