Во рамки на Велешко лето 2024 вечерва ќе се одржи уметничка вечер на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес и Здружението на пензионери насловена „Заедно“. Настанот ќе се одржи во паркот на ООУ „Васил Главинов“ со почеток во 20 часот.
Општина Велес ги поканува сите граѓани да ја проследат уметничката вечер и да дадат поддршка на инклузивниот настан. Во склоп на Велешко лето ќе се реализираат низа настани од областа на културата, спортот, поезијата, музиката за релаксација и освежување на граѓаните во овие летни денови.
Програмата за Велешко лето 2024 можете да ја погледнете на официјалната веб страница на Општина Велес и на социјалните мрежи.