Со изведбата на песните за сечиј вкус , Мики Секуловски овозможи незаборавна вечер за велешани. Амфитеатарот вчеравечер беше преполн со публика која пееше и играше заедно со Мики. Забавата достигна кулминација и со гостите на Мики, пеачите од регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд, Андријана Петрушовска, Омар Џафероски и Лина Пејовска.
Концертот на Мики Секуловски беше дел од програмата на „Велешко лето 24“.