Вечерва, 29 јули, со почеток во 20 часот во Младински парк ќе се одржи хуманитарен концерт насловен како музичка аптека – забава со Јованче и Марика, за поддршка на ecrowd.mk.
Во среда на 31 јули ќе се одржи интерактивна работилница за деца „Кошница со овошје“ со Сања Стојанова. Настанот ќе се одржи во Младински парк со почеток во 20:00 часот.
Во четврток, на 1 август, во Градски парк, кај чешмата, од 18:00 до 20:30 часот ќе се одржи креативна работилница и сликање со меурчиња „Контура“ ВАЦ.
Неделната програма на Велешко лето ќе заврши со музичка компилација на Екатерина Димитриевска – Double Trouble. Музичкиот настан ќе се одржи на Игралиште Тунел во 20:00 часот.