121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото Заседание на АСНОМ, Велес го чествува големиот национален празник Илинден. По тој повод, делегации на Општина Велес, политички партии, јавни институции им оддадоа почит на загинатите броци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна. Положија свежо цвеќе на споменикот на Велешките Илинденци во центарот на градот, на споменикот на учителот Панко Брашнаров како и на спомен бистата во Спомен костурницата.
2 Август – Денот на Републиката е најголем национален празник во државата кој со себе ги носи спомените од два значајни историски датуми за македонскиот народ – двата Илиндена. Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, на кое се поставени основите на денешна Македонија.