Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и општина Велес бр.08-1800/15 од 06.06.2024 година и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Велес бр.08-1800/17 од 06.06.2024 година, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија,

Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 06.08.2024 година  се објавува:

 

Ј А В Е Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Заедно под исто сонце” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Велес.

Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција);
  • млади лица до 29 години;
  • лица постари од 50 години;
  • лица корисници на гарантирана минимална помош;
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;
  • жртви на семејно насилство;
  • лица со попреченост;
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници;
  • лица припадници на ромската етничка заедница;
  • самохрани родители;
  • родители на деца со пречки во развојот;
  • родители на 3 и повеќе деца;
  • родители на деца на улица;
  • лица со незавршено средно или пониско образование.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој повик се однесуваат на ангажирање на:

Работно место 1: Образовен асистент/ка за работа со ученици со посебни образовни потреби инклузирани во средните општински училишта

Позиции за работно место 1: 5 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

Завршено образование за специјален едукатаор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС), како и лице наставник по предметна настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС).

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа” имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

Работно место 2: Личен асистент/ка за работа со ученици со посебни образовни потреби инклузирани во средните општински училишта

Позиции за работно место 2: 1 позиција

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:

Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште, преднос со сертификат за лична асистенција. Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа” имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Велес во периодот од 06.08.2024 година до 16.08.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Велес и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Велес кај лицето Родна Трајковска моб. 076 351 675, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“,  Агенција за вработување-Центар за вработување Велес кај лицето Елица Јаневска моб. 078 487 119, Центар за социјлна работа Велес кај лицето  Благој Костов моб. 070 238 363.